Колку ќе загубат Мекалрен и АлфаТаури од конструкторскиот поредок

Формула 1 е пред највозбудливиот крај од сезоната по подолго време откако Мерцедес и Ред Бул се во мртва трка за титулите, но отворени се и борбите за 3то и 5то место во поредокот.

Ферари во моментов се 3ти и на последната серија три последователни трки направијазначителна предност пред Мекларен со кои се борат цела година, додека Алпин имаше одлична трка во Катар и се одлепи од АлфаТаури на 5то место.

“Портокаловит“ од Вокинг беа многу силни на почетокот на сезоната иако разочара Даниел Рикардо, но Ландо Норис беше извонреден и често се вмешуваше и во борба со Хамилтон и Верстапен. Следуваше новиот агрегат со нов хибриден систем во Ферари кој одлично се покажа, така што во моментов италијанците имаат речиси 40 поени предност пред ривалите.

Зад нив ситуацијата исто така е густа, АлфаТаури искористија од одличната форма на Пјер Гасли кој константно е брз за време на викендите, но трките во последно време не му се идеални и има проблеми. Јуки Тсунода нема добра дебитантска сезона и не помага многу. 

Алпин се во подем, а француската фабричка екипа е посилна со секој следен викенд. Фернандо Алонсо дојде до подиум во Катар и донесе 15 поени за тимот, а Естебан Окон придодаде уште 10 со 5то место.

За Мекалрен, развојот на настаните може да биде многу болен ако завршат на 4то место кај констукторите затоа што разликата помеѓу 3то и 4то место е некои 45 милиони евра од наградниот фонд на тркачката серија. Кај Алфа Таури, загубата ќе биде не повеќе од 10 милиони евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ