Конечно добри вести од Мајами

По гласањето во Среда, организаторите на Гранд При трката во Мајами постигна голема победа и отстранија потенцијална голема пречка која можеше да го откаже настанот кој премиерно е планиран да се одржи следната Формула 1 тркачка сезона.

Поради тоа што делегатите гласале 6-6, нема да биде потребно одобрување од Градот Мајами Гарденс како и од државата Флорида за натамошните планови. Сопственикот на Мајами Долфинс НФЛ тимот може да продолжи со плановите за изградба на патека на своето земјиште околу Хард Рок стадионот кој годинава беше домаќин на престижниот Супер Бол.

Градоначалникот на Мајами – Дејд, Карлос А Гименез, откри дека многу од проблемите на локалното население биле отстранети за време на состанокот вклучително и користење на јавни патишта, а дадено е и уверување околу големината на бучавата коај ќе ја предизвика трката како и тоа дека за време на школските часови како и за време на ноќта, нема да се одржуваат никакви настани.

задоволни сме што делегатите денеска потврдија дека хард рок стадионот е забавен комплекс и регионален центар кој постои за да му користи на мајами дејд овбласта. среќни сме и задоволни што долго одложуваното гласење заврши  и можеме да поќнеме да правиме приватна мулти милионска инвестиција за да ја донесеме формуал 1 трката овдека и да имаме позитивни и продуктивни разговор со локалното раководство уверуваји ги за вземната корист од настанот – изјави главниот извршен диектор на мајами долфинс, тон гарфинкел.

Сепак, делегатот на Мајами Гарденс, Барбара Џордан, која долго време успешно го забавуваше проектот најави дека нема да се откаже од идејата за откажување на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ