Кореа лут на ФИА: Не се грижеа за мене по несреќата

Хуан Мануел Кореа, Формула 2 возачот кој беше дел од сташната несреќа на ланското издание на Спа кога загина Антоан Хубер, ја обвини ФИА дека не водела грижа за него по трагичниот момент.

20-годишниот возач со американско и еквадорско потекло откри дека се сеќава на се од трагичниот момент се додека не загубил свест кога бил изваден од болидот со тешки последици на нозете.

не се разбудив се до следниот ден кога бев пренесен во болница во белгија. си ги видов нозете и колку тешко беа повредени и бев во огромна болка – се присетува кореа.

Потоа врз него биле извршени операции со цел да се спаси неговиот живот, но најтешко му било кога дознал дека Антоан починал.

по инцидентот сите отидоа во монца, а јас бев во болница и четири денови подоцна за малку ќе умрев. нити фиа нити некој друг не покажа грижа за мене.

причината која за малку ќе го загубев животот се огромните г-сили кои се доживуваат при толку силен судар, но докторите во болницата не знаеја што се случува затоа што немале пациент кој преживеал толку силен судар претходно.

имаше моменти во болница кога размислував само за живеење и прежиување, а потоа и на спасување на ногата.

ќе се вратам иако тајмингот не е сигурен затоа што повредата е комплицирана и многу работи може да се случат.

и да треба две години за да се вратам, ќе го направам тоа сигурен сум затоа што ми недостасува тркањето секој ден.

се замислувам дури еден ден да возам во формула 1 ако направам се што е можно во мојата рехабилитација. тркањето не е балет и фудбал и доколку може да давате гас и да кочите, немате проблем.

од половина нагоре сум целосно фит и немам никакви проблеми, но мора да ја зајакнам мојата нога за да можам да возам било што – анализира возачот.

За крај, тој откри дека е нетрпелив и бил бил пресреќен да добие можност повторно да се трка на Спа Франкошамп и покрај тоа што многумина сметаат дека О`Руж е преопасен дел.

О`Руж не треба да се менува затоа што таа кривина е легендарна и да бидам искрен таква несреќа можеше да се случи и на многу други места. ја сакам патеката и го сакам тој свиок, еден од омилените ми е и во симулаторот. не знам дали во животот повторно ќе имам можност да возам таму, но патеката не треба да се менува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ