Кореа сеуште нема пристап до извештајот од сударот

Хуан Мануел Кореа е збунет зошто ФИА не му дозволи пристап до целосниот извештај за неговата ужасна несреќа во Формула 2 во Белгија минатата година.

Кореа беше инволвиран во судар при голема брзина со Антоан Хубер по излезот од О’Руж за време на трката на Спа-Франкошамп. Повредите на Хубер имаа фатален исход за французинот, додека Кореа беше оставен со сериозни повреди на ногата и проблеми со дишењето, а за малку ќе го загубеше својот живот. ФИА го комплетираше извештајот по несреќата и донесе одлука дека никој не е виновен за смртта на Хубер, но за Кореа таквиот извештај побудува повеќе прашања одколку што нуди одговори.

Минатиот Петок ФИА објави дека ја завршиле својата истрага за несреќата која се случи на 31 Август во Спа-Франкошамп и го сподели својот извештај.

Одделот за безбедност при ФИА помина повеќе од 5 месеци спроведувајќи ја несреќата, но за мене нивниот извештај побудува повеќе прашања одколку што нуди одговори. Дополнително, ме изненадува што целосниот извештај не е достапен за мене, за да имам појасна слика околу наодите на ФИА.

На 31 Август 2019 година, мојот пријател и колега го загуби својот живот, семејството загуби сакан член, а јас претрпев сериозни повреди. Не можеме да го промениме минатото, но можеби сета оваа болка и жртви ќе имаат значење и ќе го направат спортот побезбеден.

Како резултат, јас ќе продолжам да работам со моите адвокати со цел да добијам копија од целосниот извештај. Се надевам дека ќе имам можност да коментирам повеќе откако ќе го имам извештајот и кога ќе имам појасна слика околу наодите на ФИА – сподели Кореа на својот Инстаграм профил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ