Кореа се враќа во Формула 3 со АРТ

Неверојатно, но вистинито, Хуан Мануел Кореа кој беше тешко повреден во сударот кој го одзеде животот на Антоан Хубер на Спа во 2019 година ќе се врати на тркањето оваа сезона преку тимот на АРТ во Формула 3 шампионатот.

Американецот со еквадорско потекло имаше огромни повреди на нозете во драматичниот Формула 2 инцидент на Белгиското Гранд При, но работеше напорно минатите 12 месеци за да ја подобри својата подвижност и сила. Стпак, тој нем да продолжи каде што застана поради тоа што сударот го затече во посилната Формула 2 тркачка серија.

пред се сум многу среќен и задоволен што ќе се вратам на тркањето. премногу сум благодарен на арт гранд при, многу ми значи што веруваат во мене и моето враќање на патеката.

формула 1 ќе биде транзициска година за мене затоа што мојот сон останува да стинам до формула 1, така што годинава е само првиот чекор во враќањето.

моите цели се поставено затоа што имам уште многу работа пред себе. не сум возел тркачки болид повеќе од 1,5 години и треба многу да научам. влегувамв во сезона со отворен ум, нема да се притискам претерано, ќе дадам се од себе, ќе го правам она што го сакам – најави кореа.

Оперативниот шеф на АРТ, Себастиен Филипе, откри дека тимот е горд што ќе може да му помогне на својот нов возач да ја продожли својата тркачка кариера.

од страшната несреќа на спа на 30 август 2019 година, хуан мануел мина низ многу фази, но секогаш се бореше имајќи на ум дека не сакаше да се откаже од својот со, а тоа е продолжување со трки на врвно ниво. тој е пример за храброст и арт се горди што ќе дадат шанса на таков млад човек да продолжи да се трка.

хуан мануел е ментално многу силен, сеуште се бори да биде колку што може подобро физички подготвен и е гладен за успех. зад воланот има огромен талент, неговите постигнувања во картинг беа огромни, како и во првите години од повисоките серии.

со задоволство му даваме шанса да ја продолжи својата кариера и ќе му помогнеме да се искачува по скалата однова. тој ќе биде ог голема корист на тимот поради својот талент и искуство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ