Кој возеше најбрзо во Баку ?

Уличната патека низ Баку е мешавина од два екстреми, тесен дел во стариот дел на градот налик на Монако, и најдолгиот правец во календарот налик на летечката Монца и поради тоа потребен е баланс во однос на сетирањето.

Мерното место за брзината во Баку е лоцирано на 2,2-километарскиот правец пред боксовите, иако возачите постигнуваат максимална брзина кон крајот на истиот.

Тандемот на Алпин, Фернандо Алонсо и Естебан Окон беа на врвот според постигнатите брзини, иако денешната трка ќе ја стартуват од 10то и 13то место, но со брзината се надеваат дека ќе придобијат некоја позиција.

Предност, иако мала, има Ред Бул во однос на Ферари, а повеќе од очигледно е дека проблемот со потскокнување на Мерцедес ја уништува нивната брзина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ