Кој возеше најбрзо на Спа?

Спа Франкошамп е најдолга патека на Формула 1 календарот, а заедно со Монца се двата најбрзи автодроми, но и патеки кои барааат најмногу на моторот и каде брзината е се.

7-километарската патека на Ардените не е врвна само по брзината на правците затоа што таму има и летечки кривини така што важен е компромис помеѓу прволиниска брзина и потисна сила.

Макс Верстапен беше недопирлив на квалификации, но беше само 7ми во однос на максималната брзина која на Спа се постигнува на Кемел правецот по О’Руж и Радилион. Изненадување е присуството на Алекс Албон на врвот на листата на возачи со најголема постигната брзина, а неговиот одличен квалификациски пласман се должи токму на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ