Кој е сер Џим Ретклиф од Инеос?

Партнерот на Мерцедес, Инеос, во последно време е поврзан со купување контролниот пакет акции од Формула 1 тимот и дефакто превземање на тркачакта екипа.

Кој е сер Џим Ретклиф?

Сер Џим Ретклиф е хемиски инженер кој има одличен успех во индустријата. Покрај дипломата од хемија има завршено и менаџмент на London Business School.

Во 1998 годиа го формира Инеос и брзо почнува да се шири во петрохемијата купувајќи поранешни делови на Бритиш Петролеум. 

Што работи Ретклиф?

Тој е сопственик на 60% од акциите на Инеос и е Претседател и Главен извршен директор на компанијата која вработува 22,000 луѓе. Во 2017 година покрај петрохемијата тој инвестира 1 милијарда фунти во автомобилски оддел кој има за цел да го рекламира Гренадиер кој е базиран Ленд Ровер Дифендер. Покрај ова го поседува и брендот Белстаф кој произведува облека за моторџии. 

Зошто е прогласен за витез?

Ретклиф се најде на листата на витези која кралицата ја објавувi во Jуни 2018 година за посебни заслуги во бизнисот и инвестициите само неколку недели откако беше прогласен за најбогат човек во Велика Британија со богатство вредно 21 милијарда фунtи. 

Но, ова не пројде без контроверзи бидејќи тој подоцна се префрли во даночниот рај Монако.

Што е поврзаноста на Инеос со спортот?

Во Aприл 2018 година Ретклиф го формира Инеос тим ВБ со цел да победи на Американскиот куп во велосипедизам во 2021 година. Тимот е во партнерство со сер Бен Аинсли чиј претходен обид беше во соработка со Адриан Њуи, Ред Бул и Мартин Витмарш. 

На почетокот на 2019 година, Инеос најавија дека ќе го спонзорираат Тим Скај кој до сега има седум победи на Тур д Франс. Тимот е воден од сер Дејвид Браилсфорд и брзо беше преименуван во Тим Инеос. 

Ретклиф има интерес и во фудбал преку Лозана во Швајцарија, Ница во Франција и инвестиција во Челзи. 

Кои се врските на Ретклиф и Инеос со Мерцедес?

Ретклиф се видел со Тото Вoлф на една трка како гостин на друг спонзор. Тие двајцата разговарале и зделката брзо била договорена. 

Во Dекември 2019 година, тимот најави нов оддел Mercedes-Benz Advanced Science кој ќе користи вработени и резурси од Фormula 1 буџетот за техничка подршка на проектите за едрење и велосипедизам. Неколку месеци подоцна беше поврзан со Мерцедес како главен спонзор со петгодишен договор. 

Дали е вистина дека Ретклиф сака да го купи Мерцедес?

Неговата историја за купување на успешни и етаблирани спортски тимови е начин на неговиот бизнис живот. Има смисла тој да има интерес во Формула 1 да го купи најдобриот тим со кој веќе има и техничко партнерство. Веќе е влезен во автомобилскиот бизнис кој ветува соработка со Мерцедес иако единствениот модел кој го произведуваат е придвижуван од БМВ. Првиот потег на Инеос е купувањето на фабриката на Смарт во Франција од Даимлер и префрлање на производството таму. 

Колку акции може да купи Ретклиф од Мерцедес?

Тимот Мерцедес Ф1 е 60% сопственост на Даимлер додека останатите 30% се во рацете на Тото Волф, додека последните 10% се на покојниот Ники Лауда. Акциите на Лауда се во мирување, но можно е Ретклиф да почне прво со купување на нив. 

Дали Мерцедес е обврзан за иднината на Ф1?

Мерцедес е на прагот на седмата титула кај возачите и конструкторите откако доминира во хибридната ера на спортот. Иако често се разгледува учеството на производителите во спортот се смета дека менување на тимот не е доведено во прашање. Клучно е потпишувањето на Конкорд договорот кој го обврзува тимот да продолжи и понатака независно од тоа кој е сопственик. 

Даимлер веќе има добар договор со кој доби околу 30 милиони фунти од спонзорства и телевизиски права иако тоа не ја вклучува дополнителната подршка за фабриката во Бриксворт. Со намалувањето на трошоците дури и со помал профит поради намалените приходи од трките во наредните години тимот ќе биде во добра позиција и кој и да го поседува ќе продолжи да работи профитабилно.

Ова е чуден момент за Мерцедес да го продава тимот во кој има инвестирано многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ