Кравиц објасни како грешка на Макс ќе го чинела победа

Аналитичарот на британски Sky, Тед Кравиц, тврди дека на Фернандо Алонсо му требало грешка од Верстапен за да победи во Монако и покрај тоа што Мајк Крак од Астон Мартин призна дека донеле погрешна одлука при менувањето гуми. 

Хаотичниот крај на трката во Монако можеше да му донесе победа на Алонсо, но откако му беа наместени погрешни гуми тој мораше да влезе повторно да менува и со тоа се загубија шансите доколку имаше некакви за победа. 

Алонсо стартуваше на хард за да го покрие Окон кој порано требаше да влезе. Тие беа поладни и кога дојде дождот реши да менува на медиум наместо на интермедиа. Подоцна мораше да менува повторно и со тоа се уништија неговите шанси да го стигне Верстапен. На крајот Верстапен не погреши бидејќи се беше во вистинско време – смета кравиц.

Мајк Крак додаде: 

Дождот беше посилен отколку што мислевме. Мораше повторно да менува. Мислевме дека брзо ќе се исуши но тоа не се случи. Кога замина од боксот веќе знаевме дека е погрешна одлука. Но во моментот мислевме дека е правила. Секако немаше ништо да промени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ