Крак верува во победа во Монако

Тимскиот шеф на Астпон Мартин, Мајк Крак, посочи дека тимот има огромна надеж дека ќе предизвика серизоно за победа во Монако откако виделе ветувачки резултати при симулациите на трката во свовјата база во Силверстон.

Фернандо Алонсо четири пати беше на подиум на првите 5 трки од календарот, но никако не успеа да го порази доминантниот Ред Бул. Се верува дека барањата за голема потисна сила низ улиците на Монако ќе му одговараат на АМР23 болидот од Сивлерстон, така што зелените болиди ќе бидат во позиција да бидат моќни.

ќе биде убаво да предизвикаме за побеад и имаме силна надеж дека овдека во монако нашите двајца возачи со одличниот болид ќе предизвикаат за триумф. добивме одлични податоци од симулаторот, но да не ја заборавиме конкуренцијата, иако за волја на вистината овдека нема правци каде тие се силни.

вистина е дека до сега не сме ги виделе ред бул, ферари или мерцедес на патека која бара навистина голема потисна сила затоа што календарот беше таков. лесно е да се каже дека ќе бидеме на врвот, но нема да биде лесно затоа што треба да бидеме безгрешни – смета крак.

Запрашан дали Монако е нивна најголема шанса за триумф сезонава, тој одговори:

има многу работи кои може да тргнат наопаку кај било кој, така што мора најпрво да имаме почит затоа што конкуренцијата на гридот е жестока, а болидите не се далеку еден од друг. пред 12 месеци немаше ни да помислиме за победа во монако, така што мислам дека не смее да заборавиме од каде доаѓаме и дека мораме напорно да работиме.

не е лесно да се прават предвидувања, но лесно може да се погреши и да не се успее, така што ова е нож со две острици. не треба да се гледаат ѕвездите, туку да се работи, а ние мораме да бидеме на 100% за да имаме шанса викендов. доколку дојдеме и до подиум, со задоволство ќе го прифатиме, но сакаме повеќе.

Тој потврди и дека дел од планираните новини за Имола ќе се најдат на болидот во Монако, но најголем дел се одложени за Шпанија.

го поделивме пакетот новини кои требаше да дојдат на имола, оние кои имаат смисла ќе ги задржиме на болидот овдека, а останатите ќе ги донесем во барселона затоа што тоа е логично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ