Крак го обвини Шумахер за сударот со Себ

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, го обвини Мик Шумахер за сударот со Себастијан Фетел во последните делови од Гранд При трката во Мајами.

Борејќи се за поени во Мајами, Фетел го претрка својот млад штитеник, а тој сакаше веднаш да му врати и да ги ја добие позицијата назад со маневар од внатрешната страна од првата критина, но дојде до контакт помеѓу дваојцата. Како последица од сударот, Фетел се откажа поради оштетување, додека Мик влее во бокс по ново крило и си ја уништи шансата за први поени во Формула 1 кариерата.

Шефот Крак смета дека 24-годишникот е виновен за инцидентот.

фетел беше 9ти и тоа беа вредни поени за нас, но за жал беше елиминиран без своја вина од претерано амбициозниот шумахер – смета крак.

Секако дека е јасно оти Себ немаше да биде доведен во таква позиција ако не беа проблемите на Астон Мартин поради кои двата болиди тргнаа од боксот.

пред трката имавме проблем со температурата на горивото кое го одложи излегувањето на нашите болиди на патеката, што значеше дека мораме да тргнеме од боксот.

Задолжителната температура за горивото во Мајами беше 18 степени, но тоа беше премногу ниско за Астон и со почетокот од боксот беше избегната казна. Себ је ј заврши премиерата на Флорида, но Строл стигна до поен преку освоеното 10то место, по што тимот остана на 9то место кај конструкторите единствено пред Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ