Крак го сакал Фетел во болидот наместо повредениот Строл

Откако Ленс Строл се повреди во Шпанија во пресрет на сезоната додека се подготувал с својот велосипед, постоеше можност тој освен првиот тест да го пропушти и првиот тркачки викенд.

Шпекулациите за негова евентуална замена се појавиј веднаш, а опција број еден беше доскорешниот возач на тимот, германецот Себастијан Фетел. На крајот, Ленс се врати во болидот навреме за да се трка, но шефот на тимот, Мајк Крак, не демантираше дека го сака четирикратниот првак назад на трка.

бев во искушение, но не притиснавме затоа што имаме огромна почит кон него и кон неговата одлука да се повлече од формула 1, така што немаше да биде соодветно да го прашаме. сакавме да ја почитуваме неговата ситуација и не сакавме да му ја отежнуваме работата – објасни крак.

Тој дополни и дека четирикратниот првак веќе бил во контакт со тимот за да им ги честита двата подиуми од почетокот на сезоната.

во контакт сме годинава, себастијан како себастијан, ни чеситаше беше вистински господин кога ни се јави за двата подиуми. му кажавме дека успехот се должи и за него затоа што не донесе голем чекор напред минатите години додека работеше со нас. донесе вистински напредок кај нас, научивме многу и поради тоа тој е заслужен за она каде што сме сега.

не жалеше што донел одлука да се повлече затоа што беше свесен за истата и мислам дека има огромна почит помешу него и тимот затоа што се покажа одлично. сите го ценат и сакаат

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ