Крак: Морме да бидеме подготвени ако “киксне“ Ред Бул

Мајк Крак, тимскиот шеф на Астон Мартин, посочи дека неговата екипа мора да биде подготвена на евентуален кикс на водечкиот Ред Бул и користење на било каква можност во текот на трка.

“Биковите“ победија на сите шест до сега одржани трки, редовно тоа беше во доминантен стил, Макс победи четири пати, а Чеко два пати, додека Астон преку Нандо Алонсо дојде пет пати на подиум. Најдобриот пласман на тимот од Силверстон беше Монако кога шпанецот дојде до 2ро место користејќи ги проблемите на Перез.

ќе има трки на кои ред бул може да има некакви дефекти или било што, сезоната е долга, немаме многу мотори на располагање, така што можност за нас ќе има и мораме да бидеме подготвени да ја искористиме. до сега тоа го правевме и секогаш дававме 100% од себе за да бидеме колку што може повисоко.

видовме дека на последната трка еден ред бул имаше проблем и ние мораме да бидеме тие кои подготвено ќе ја дочекаат таа шанса – вели крак.

Тимскиот шеф се надева дека и претсојниот викенд во Шпанија екипата ќе биде во можност да дојде до подиум.

треба да видиме како ќе се покажат новите делови на конкурентите, ферари вообичаено се силни во барселона. ќе има новини, но и ние ќе си ја завршиме нашата работа и треба да сме силни.

Астон во моментов има поен предност пред Мерцедес во конструкторскиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ