Крак: Нема причина за Алонсо да не остане со Хонда

Мајк Крак, шефот на Астон Мартин, не гледа причина зошто Фернандо Алонсо да не биде во тимот кога тие ќе почнат да работат со Хонда во 2026 година. 

Во средата беше објавено дека Астон Мартин ќе престанат да користат мотори Мерцедес и ќе продолжат со агрегати на Хонда од 2026 година. Алонсо во тоа време ќе биде 45-годишен, но има лошо искуство со Хонда додека возеше во Мекларен. 

Нема причина зошто да не вози за нас во 2026 година, Нема ниту една причина. Тој не беше вмешан во преговорите, но секогаш го држевме информиран и споделуваше свое мислење бидејќи е клучен член на тимот.

Имаме добар однос со нашите возачи и ги слушаме. Имаме среќа што го имаме Педро де ла Роса и имаме силен тим. Мислењето на целиот тим е важно – објасни крак.

Проблемот во соработката на Мекларен и Хонда било културното разбирање и односот помеѓу двете компании. Проблемите беа решени со Торо Росо и Ред Бул со кои Хонда ќе продолжи да работи до 2026 година, 11 години откако се приклучи на Ф1. Крак верува дека искуството на Ден Фалоус и Мартин Витмарш ќе биде клучно за соработката. 

Светот се приближи и мислам дека патувањето до Јапонија е различно денес. Мислам дека сме поблиску, Ја разбираме културата и состаноците се поотворени од претходно. Мислам дека одност на Дан и Мартин им помага бидејќи се познаваат од претходно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ