Крак сигурен дека во Астон се доволно искусни да го издржат притисокот

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, смета дека тимот може да го издржли притисокот кој го носи борбата за врвот поради искуството на екипата.

Во Бахреин, Астон беа сериозен кандидат за највисок пласман, ФЕрнандо Алонсо беше подобар од два Мерцедеси и едно Ферари и дојде до 3то место односно подиум, додека Ленс Строл со повредена рака беше 6ти. Сепак, тимот треба да ја потврди формата и перформансите на трките кои следуваат.

мислам дека можеме да го издржлиме притисокот кој го носи оваа борба. не смееме да заборавиме дека зборуваме за екипата од силверстон, тим полн со искуство и фантастични луѓе кои веќе имаат постигнато нешто вакво – задоволен е крак.

Претходникот на тимот, Форс Индија, а потоа и Рејсинг Поинт, често знаеја да ги изненадат лидерите, а Чеко Перез во 2014 година освои три подиуми, а победи на Шакир пред три сезони. Доказ за огромното искуство и ефикасност на тимот, според Крак, е одличниот менаџмент на екипата, видливо по начинот на кој го одработеа Бахреинското Гранд При.

јасно видовме како ја одработивме стратегијата, не се занесовме и не се колебавме рано да застанеме за да минене некој конкурент на тој начин. се држевме до планот и на тој начин добивме предност во гумите која на крајот на трката беше одличувака и клучна а претенувањата на алонсо.

Во пресрет на трките кои следуваат од календарот, Крак е приземјен иако многумина сметаат дека напредокот на екипата е феноменален.

се согласувам дека напредокот е голем, а феноменален ќе биде ако победиме на трка. чекориме напредо, но помина само првата трка од сезоната и треба да почекаме некоку трки за да можеме дефинитивно да кажеме колку сме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ