Кристијан Хорнер се извини

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, се извини за своите коментари со кои ја критикуваше ФИА и маршалите крај патеката на Катарското Гранд При.

Британецот е пријавен и мора да се појави прд стјуардите на трката на Лосаил, а обвинението е прекршување на Мешународниот спортски кодекс со неговите критики кон официјалните лица по казната изречена на Макс Верстапен пред почетокот на трката.

Тој сметаше дека маршалите биле непријателски настроено кога требало да го развеат двојното жолто знаме на квалификациите, а непочитување на истото донесе казна за Верстапен пред трката. Откако се врати од кај стјуардите, тој во своето интервју за Скај Спорт се извини за своите изјави.

кажав некои работи во нашето интервју денеска кога ме прашавте за машралите и мислам дека е јасно оти тие вршат одлична работа, одлична.

тие се доброволци, а сепак се одлични. мојата фрустрација пред трката не беше кон нив, туку кон околностите кои доведоа до казната на вертапен.

ако сум навредил индивидуалнонекои официјални лица, јасно е дека им се извинуван, но сеуште сум фрустриран што завршивме во таква ситуација – изјави хорнер.

Тој дополни дека бил нервозен од жолтите знамиња, а не од некои индивидуи крај патеката.

разговарав со фиа, се извинив за било каков престап кој сум го направил или било кое недоразбирање затоа што немав намера за тоа.

мојата фрустрација не беше кон никого туку кон ситуацијата кога еден воазч мина без развеани жолти знамиња, друг со едно развеано, а ние имавме двони, така што неконстантноста е очигледна.

можеме да научиме од ова и како спорт мораме да напредуваме, но маршалите се надвор, ни требаат и мислам дека вршат одлична работа. се извинувам повторно за некоја навреда која била ненамерна.

Хорнер демантираше дека агресијата во неговите коментари била поради притисокот од борбата за титула и посочи дека Тото Волф покажал поголеми знавци на тоа по гестот кон камерите во Бразил.

мислам дека до сега бевме многу фер и коректни со нашите емоции, а јас не покажував кона камерите, не псуев или нешто слично.

искрен сум и кажувам што мислам. ако мислам дека некој е гом***, ќе му го кажам тоа во лице.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ