Кругот на Луис беше “вонземски“, смета Тото

Тото Волф не престанува со пофалбите за својот возач, Луис Хамилтон по последната пол позиција со огромна предност пред конкуренцијата на денешните квалификациите за Штаерското Гранд При.

Актуелниот шампион стигна до својата 89та пол позиција во кариерата по силен дожд и предност од 1,2 секунди пред второпласираното време поставено од МАкс Верстапен на Ред Бул.

многу ретко се гледаат перформанси кои се “вонземски“, надвор од овој свет. кога ќе го видите кругот од камерата во неговиот болид, балансираше со болидот на самата ивица, имаше аквапланинг, контролираше со гаста … беше неверојатен. мислам дека не сум видел разлика од 1,2 секунди помеѓу првите двајца на квалификациите.

мислам дека возачот и болидот се споија до една, совршен пакет, гуми оптимизирани за кругот и совршени возни карактеристики од моторот подобрени со вештини и интелигенција на тркачки возач. само тогаш има вакви перформанси – задоволен е волф.

Луис редовно имаше радио комуникација со својот инженер, Пит Бонингтон во текот на квалификациите од кого добиваше редовни информации за се што се случува на патеката. Тото смета дека токму комуникацијата е клучна особено по толку тешки услови како денешните.

во услови како денешните мора да бидете остроумни и да ги советувате возачите какви се разликите, како се развива времето како и низа други информации од патеката. протоколите за комнуникација мора да бидат прецизни затоа што многу е добро кога инженер и возач работат како што треба еден со друг и си веруваат.

горд сум и импресиониран како одработевме денеска затоа што моравме да најдеме вистинска линија на движење, да направиме анализан а времето и да се одлучиме кога да ја полниме батеријата на моторот и кога да ја трошиме. совршена синхронизација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ