Круг.мк предлог 1/11: Senna

Ретко кој Формула 1 фан ја нема гледано Drive to survive серијата на Netflix чија следна сезона се очекува наскоро, но предсезонските тестови се на средина на Март, така што krug.mk ви предлага листа од 11 документарци како загревање за сезоната.

Брилијантен документарец за великанот, бразилецот Аиртон Сена кој ја покрива неговата тркачка Формула 1 кариера од почетокот во 1984 година до прераната смрт во 1994 година. За овој документарец се вели дека “им легнал“ и на оние кои не се Формула 1 фанови.

Филмот од 2010 година ги отсликува ривалствата на трикратниот првак, неговите шефовите во спортот, но и неговиот карактер и личност. Режисер на овој наградуван документарен филм е Ашиф Кападиа, а може д асе погледне на платформата на Amazon.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ