Круг.мк предлог 2/11: Uppity: The Willy T Ribbs Story

Ретко кој Формула 1 фан ја нема гледано Drive to survive серијата на Netflix чија следна сезона се очекува наскоро, но предсезонските тестови се на средина на Март, така што krug.mk ви предлага листа од 11 документарци како загревање за сезоната.

Вили Т Рибс е првиот афро-американец кој се квалификувал на престижниот историски Индијанаполис 500 како и првиот црномурест формула 1 возач, така што неговата приказна е многу повеќе од интересна.

Документарецот на секогаш искрениот Рибс раскажува за неговиот карактер и како израснал во пиноер на моторспортот во Америка и Британија.

Неговата кариера не е многу позната, а филмот е насочен кон позитивните аспекти од харизматичниот и прагматичен тркач. Филмот е достапен на Netflix, а бесплатно може да се гледа и на Youtube.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ