Кубица не жали што се вратил во Формула 1

Работите можеби не тргнаа во насоката во која Роберт Кубица посакуваше, но тој не жали за неговото враќање во Формула во 2019 година.

Полјакот имаше одлично враќање по ужасната несреќа во рели првенството во 2011 година откако потпиша со Вилијамс за 2019 година, но не само што ФВ42 имаше слаби перформанси, Кубица беше редовно поразуван од својот тимски колега и дебитант, Џорџ Расел.

Кубица сепак не жали за враќањето бидејќи тоа било негов избор и појасни дека никој не го натерал со сила.

Не жалам за ништо, никој не ме натера со сила кога ја донесов одлуката. Ја поминав минатата година со тимот и знаев дека нема да биде лесно. Секако дека имавме проблеми и минатата година, особено на почетокот. Мислам дека поради тоа страдавме подолго одколку што се очекуваше.

Мојата цел кога престанав да се тркам беше да се вратам во највисоката категорија во која ќе можам да се тркам. Од лична гледна точка, ова беше одлично постигнување. Секако, како тркач, оваа сезона беше многу тешка. Но одлуката беше донесена со страст, со обид да се постигне цел.

Секако исходот не е нешто на што секој се надеваше, не само јас, туку сите. Но тоа е животот, тоа е моторспортот, тоа е Формула 1. Поради тоа Ф1 е возбудлива и тешка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ