Кубица не може да го прежали неуспехот од 2008

Роберт Кубица призна дека тој и неговиот механичар сеуште жалат што заедно со БМВ Заубер не успеале да се вклучат повеќе во борбата за титула во 2008 година. Со силна соработка со БМВ, Заубер драстично напреднаа, а таа година дојде и единствената победа на Кубица во неговата кариера со триумфор во Канада.

БМВ се пишманија и по неколку трки се фокусираа на болидот за 2009 година затоа што променетите правила сметаа дека им даваат поголема можност, по што заостанаа зад Ферари и Мекалрен во остатокот од првенството. Остатокот од сезоната полјакот имаше само уште три подиуми и заврши на 4то место кај возачите, а следната година додје и финансиската криза, година која беше последна за баварците во спортот.

го имам истото гледиште како и пред 12 години затоа што на крајот бев дел од целата ситуација и едноставно немав никаква среќа, а сметав дека имаме шанси да освоиме титула. немавме најбрз болид, тоа е факт, но не секогаш најбрзиот болид освојува титула.

од многу причини како грешки на останатите, ние правевме подобра работа на пчетокот од сезоната и без најбрз болид водевме во првенството. ги користевме нашите можности затоа што не знаевме дали и кога ќе добиеме друга шанса.

сретнав некои механичари со кои работев пред 10 години во бмв заубер и го имаа истото гледиште како и јас и тие жалеа затоа што потоа не добивме нова шанса да нападнеме – раскажува кубица.

Второто место во Јапонија во вториот дел од сезоната не беше доволно да го задржи во борбата за титула која беше одлучена на последната трка во Бразил.

тркањето беше одлично затоа што никој не доминираше. ферари и мекларен беа посилни на некои патеки, но не и на други, но имаа проблеми и грешеа. така ние дојдовме на врвот во шампионатот и долго останавме во игра за титула иако немавме најсилен болид.

се сеќавам како на фуџи се квалификував на 6то место, а колегата ник хајдфелд беше 16ти. перформанси едноставно немавме, но поведов во првиот круг и завршив на 2ро место. сигурен сум дека ако настојувавме со развојот и повеќе тестиравме, ќе победувавме.

сеуште ми е жал поради тоа, но среќен сум што сум дошол во таква позиција затоа што некои возачи никогш не добиваат шанса да се борат за титула, а имаат голем талент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ