Кубица не сака црвен автомобил, го потсетува на Ферари

Роберт Кубица сака црвени автомобили, но откри дека никогаш неам да купи некој со таа боја затоа што го потсетува на Ферари, екипата за која пропадна неговиот трансфер во 2012 година.

Во пресрет на таа сезона полскиот возач имал потпишано преддоговор со италијанската екипа, но повредите на релито во Андора го откажале неговото доаѓање во Скудерија. Се врати во спортот лани со неконкурентниот Вилијамс, а само по една сезона реши да се повлече од активното Формула 1 тркање и да работи само како резервист во Алфа Ромео.

ќе кажам нешто што никогаш на никој не сум го кажал. сакам црвени автомобили, но никогаш не сум купил некој затоа што ми прави лошо чувство – изјави роберт за италијанска Corriere della Sera.

Следната сезона Ферари и Фетел најавија прекин на соработката, а неговото место во екипата ќе го заземе Карлос Саинз. Заминувањето на германецот го изненадило Кубица, но повеќе бил изненаден што го одбрале Карлос како негова замена во ситуација кога можеле да го потпишат и Даниел Рикардо или Валтери Ботас.

ако е јасно дека некоја соработка ќе биде прекината, подобро е со време да ставите крај на истата. верувам дека одлуката за заминување на себастијан од ферари не е донесена неодамна затоа што италијанците го планираат секој потег многу однапред, а парите не се никаков проблем за нив.

потпишувањето со саинз е храбар избор од нивна страна затоа што тој е возач кој никогаш не се тркал во некоја водечка екипа, а кога се борите за победа, тоа може да биде проблем. ботас и рикардо се поискусни во тој дел, но како и секогаш, има позитивни и негативни страни.

Карлос ќе вози крај Шарл Леклер во Ферари, возачот за кој сите сметаат дека заедно со Макс Верстапен се идни шампиони во спортот, а Кубица очекува прв до наслов да стигне холанѓанецот.

мислам дека макс е многу интелигентен и веќе е подготвен да стане шампион. ќе видиме како ќе се однесува кога ќе се бори за титула, но јас би се обложил дека тој ќе стане првак во својата кариера.

леклер можеше да победи на својата втора трка за ферари во бахреин и секој кој е изненаден од неговите перформанси, не се разбира многу во добри возачи. беше јасно дека некој како шарл леклер ќе биде опасност за себастијан фетел.

Секако дека секој кој сака да стане шампион ќе мора прво да го победи Луис Хамилтон, а полјакот смета дека Мерцедес се клучни за доминацијата, не возачот.

ако сакате да победувате, мора да го имате најбрзиот болид, секогаш било така. хамилтон има супер мерцедес во последните години, а тоа прави голема разлика затоа што кога ќе загуби борба, тој сфаќа дека голема разлика прави ако заврши на второ место.

во 2018 година ферари беа многу силни и знаеја како да ги победат мерцедес. секако дека ако хамилтон останеше со мекалрен немаше денеска да зборувавме толку многу за него, тие титули ќе ги освоеше некој друг.

болидот е многу важен за судбината не возачот, го видов алонсо како прави неверојатни работи, но не успеваше да стигне до титула која ја заслужуваше.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ