Кубица со петочна сесија за Алфа Ромео викендов

Роберт Кубица ќе се врати во Формула 1 викендов со тимот на Алфа Ромео кога ќе тестира во слободните тренинг сесии во Австрија.

Кубица, кој замина од Вилијамс во 2019 година, е резервен возач за Алфа во 2020 година. Тој ќе го вози болидот на Џиовинаци на првиот тренинг околу Ред Бул Ринг.

едвај чекам на моето враќање викендов, особено по долга пауза од целиот свет во моторспортот. Мојата цел е да обезбедам што повеќе податоци за инженерите и да им ги дадам моите коментари. Викендов ќе биде ново искуство за сите, трка на иста патека по само неколку дена, така што ќе биде потребно да се подесат податоците од првата трка и од новите тест – изјави Кубица.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ