Кубица ќе дебитира на 24 часа Дејтона

Полјакот Роберт Кубица ќе го има своето деби на трката 24 часа Ролекс на Дејтона подоцна месецов откако потпиша договор со тимот на High Class Racing.

Кубица има 97 стартови во Формула 1 со тимовите на Заубер, Рено и Вилијамс. Тој замина од Вилијамс по 2019 година, но остана поврзан до Формула 1 преку Алфа Ромео како резервен возач. Во исто време, полската компанија Орлен, која е негов спонзор и поддржувач, остана главен спонзор на тимот од Хинвил.

Кубица комплетираше цела сезона со ДТМ покрај обврските во Формула 1 и ќе го има своето деби во Флорида преку трката на издржливост во Дејтона која ќе се одржи на 30 и 31 Јануари

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ