Кубица: Џовинаци нема да го замени Фетел

Полскиот резервен возач на Алфа Ромео, Роберт Кубица, се насмевна на изјавата дека може да се трка за тимот редовно оваа година откако одработе петочна тренинг сесија.

Тој не мисли дека Себастијан Фетел со неговото порано заминување од предвиденото ќе отвори празно место во  Алфа Ромео. 

Џовинаци да го замени Фетел во Ферари? Мислам дека подобро ме знаете. Нема многу да постигнете во Формула 1 доколку се премислувате. Треба да се концентрирам на мојата улога како резервен возач. Се надевам ќе возам повеќе бидејќи имам и ДТМ сезона на која треба да се фокусирам. 

Од Кубица беше побарано и мислање за нвоиот болид на Алфа Ромео. 

Тешко е да проценам бидејќи долго не сум возел. Последен пат возев во март и подоцна возев ДТМ болид. Треба да се оптимизира пакетот бидејќи нешто недостасува. Болидот е лесен за возење, но му недостасува ефикасност. 

Последно, Кубица даде мислење за враќањето на Алонсо. 

Не се сомневав дека ќе се врати. Тој е најдобриот возач на мојата генерација и прави работи кои никој не ги правел до сега. Не знам каква ќе биде Формула 1 со него, но не се сомневам воопшто во него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ