Култард: Хакинен му беше миленик на Денис

Поранешниот возач на Мекларен, шкотланѓанецот Дејвид Култхард, сподели една анегдота за неговиот поранешен шеф Рон Денис и за тоа како повеќе го сакал Мика Хакинен. 

Култхард победи на 12 трки за Мекларен, а Хакинен освои две титули за тимот. Шкотланѓанецот смета дека тимот повеќе го фавориирал финецот и дека тоа се потврдило по несреќата на Хакиненв во 1995 година кога Рон Денис се “отворил“. 

Секогаш барав еднаков статус во тимот и доколку бев поспор од Мика морав да се справам со тоа. Денис отворено призна дека стоел над креветот на Мика кога тој бил приклучен на апарати и дека се плашел дека неговиот возач нема да се врати. со него имал вистинско пријателство. Откако призна, тоа ми сметаше – откри дејвид.

Култхард предупредува дека политиката во Формула 1 има клучна улога. 

Сега гледам дека не биле само сенки туку било реалност. Френк Вилијамс еднаш ми кажа за друга случка. Не можам да се сетам на точниот пример, но ми покажа и подоцна увидов што се случува. На крајот ми кажа дека ме лажел бидејќи има 500 вработени зад мене и тие се поважни од возачот. 

И покрај “играта зад завесите“, шкотланѓанецот е благодарен за шансата што ја имал во Формула 1. 

Ова е животно искуство. Не е само брзина или политика. Ова е најдоброто нешто и мора да дадеш се од себе. Тоа беше одлично искуство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ