Култард: Хамилтон знае кога ќе се откаже од Ф1

Поранешниот Формула 1 возач и победник на Гранд При трки, Дејвид Култард, верува дека Луис Хамилтон веќе точно знае кога ќе си замине од Формула 1. 

Актуелниот шампион влегува во новата сезона со намера да ја освои титулата и потпиша едногодишен договор со Мерцедес. Новиот договор е според шпекулациите дека тој се припрема да си замине пред промената на правилата во 2022 година. 

Ако знаеше точно дека е време да си замине немаше да го видиме на тестот во Бахреин. МИслам дека има внатрешен мир и чувство кога треба да го најави заминувањето, Но кога ќе одлучи сигурен сум дека нема да вози ниту еден круг.

Се сомневам дека ќе вози на Ле Ман или нешто слично. Кога ќе се пробудите знаете дека треба да си заминете. Ники Лауда го знаеше тоа во Канада, а исто и Џејмс Хант кој си замина на половина сезона – смета шкотланѓанецот.

Култард си замина на крајот на 2008 година и не погледна назад никогаш. 

Во мојот случај го сфатив тоа на тестот во 2008 година. Влегов во болидот и сфатив дека не ми е удобно. Поминав 14 сезони и знам колку долго треба да се развие болид, но тогаш немавме победнички болид. Се сеќавам дека Марк Вебер ме прашуваше како знам дека ми е доволно. 

Мерцедес имаше лоши перформанси на тестот и многу технички проблеми со нестабилната задница на нивниот болид. 

Ги читав информациите за тестот, но знам дека ќе го решат проблемот пред првата трка. Проблем е издржливоста.

Јасно е дека имаа неколку лоши денови и понекогаш се нервираат, Но мора да запомниме дека не им е прв пат И претходно се случило.

мислам дека Луис може да го искористи ова. Тој знае како да работи. Не се сомневам дека тој знае кога има перформанси и дали може да испорача. ТОј се враќа како Мухамед Али. Не е лесно да се знае што мисли тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ