Култхард: Големите нити го сакаат нити им треба Алонсо

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен стручен коментатор, Дејвид Култхард, верува дека Фернандо Алонсо нема опции за 2021 година кога се работи за враќање на Гранд При тркањето. Неодамна двократниот првак објасни дека ќе ги процени своите опции за враќање во врвната моторспорт тркачка серија, а во исто време ќе ги разгледа и Индикар понудите.

Шансите на 38-годишникот за тркање на Брикјард во Мај се се помали откако Хонда стави вето на одлуката на Андрети да го ангажира возачот, а потоа и тимот на Ед Карпентер најави дека нема да соработува со него.

знам дека сака дасе врати во формула 1, но не гледам дека има некаков избор за тоа. мерцедес нема потреба и не го сака, ферари нема потреба и не го сака, а и ред бул нема потреба и не го сака, така што каде би се вратил, не знам – објасни култхард за шпански AS.

Нандо учествуваше на овогодинешното престижно рели Дакар, а се чини дека Формула 1 кариерата е веќе целосно дел од неговото минато.

за мене алонсо е еден од најталентираните возачи во историјата на формула 1 на ниво на хамилтон, шумахер и сена. секогаш бил брз, но сите имаат крај и неговото време веројатно заврши.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ