Култхард го брани Нетфликс

Двократниот првак Макс Верстапен го критикуваше пристапот на Drive to Survive серијат на Нетфлкс, но поранешниот возач, Дејвид Култхард, верува дека токму едитирањето и правењето спектакл ја прави серијата поинтересна.

Макс не се појави во претходната сезона со свое интервју затоа што сметаше дека американската компанија прави приказни и скандали онаму каде што ги нема, но се “пишмани“ за сезонта посветена на минатата година, која ќе се емитува во Февруари. И Ландо Норис не се согласуваше со некои аспекти на серијалот, но не реши да бојкотира.

јас гледам доста добро во тоа што малку се едитирани сите работи во однос на реалноста, некои приказни за кои возачите зборуваат. некои сметаат дека се создаваат контроверзии со кои не се согласуваат и кои не постојат, но реалноста е дека ако не беше така, шоуто ќе биде далеку од тоа што всушност станало, се е дел од забвата.

мислам дека не постои никаков проблем доколку некој не се обидува да напише нова историја или прави нешто нелегално. се што прават е за да биде поинтересно, затоа што, искрено, некои од возачите се многу здодевни, а нетфликс ги прави интересни.

не се работи за некоја серија во која ви треба континуитет, едноставно изберете сезона и уживајте – објасни шкотланѓанецот.

Тој ги пофали Нетфликс и поради фактот што ја доближиле Формула е до младата генерација. Американскиот стриминг сервис почна да соработува со спортот за време на пандемијата, најлошиот период во историјата на тркачката серија, а потоа следуваше преродба.

особено во пазарите во развој како америка, таму формула 1 е целосно преобразена и мислам дека многу повеќе е вклучена младата генераија во европа, затоа што не беше секогаш така.

се што е добро за спортот, за тркачката серија, за формула 1 е добро за моторспортот и за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ