Култхард го предупреди Рикардо по враќањето во Ред Бул

Даниел Рикардо се враќа во Ред Бул како резервен возач за претсојната сезона, откако изрази надеж да се врати на гридот во 2024 година.

Поранешниот возач, Дејвид Култхард, предупреди дека Ф1 кариерата на Даниел Рикардо може да биде завршена доколку не ја враи формата во Ред Бул. Австралијанецот остана без место на гридот откако неговиот повеќегодишен договор со Мекларен беше предвремен прекинат, при што тимот одлучи да го доведе дебитантот Оскар Пиастри на негово место.

Подоцна беше потврдено во Ноември дека австралиецот ќе се врати во тимот на Ред Бул како резервен возач за годината што претстои. За време на неговиот претходен мандат во Ред Бул, Рикардо постигна седум од неговите вкупно осум победи во Формула 1, како и бројни подиуми и поени. Тој го напушти тимот на крајот на 2018 година за да се приклучи на фабричкиот Рено, каде што се тркаше две сезони пред да го започне својата тежок период со Мекларен во 2021 година.

Култхард верува дека е важно Рикардо повторно да ја открие формата што ја имал за време на неговите победнички денови во Ред Бул со цел да ги подобри своите шанси за успешно враќање во Ф1 во иднина.

Даниел не беше онаму каде што знаевме дека може да биде, тој едноставно не личеше на Даниел од старите години, така што тој мора да ја обнови формата – изјави Култхард.

Тој има големо наследство со Ред Бул и замина да се обиде да постигне успех на друго место, тоа не функционираше, па тој се врати во семејството.

Ако тој може да ја врати формата на она ниво што беше кога имаше успех, тогаш Даниел треба да има можност да се врати.

Ако оваа можност не се манифестира, тогаш неговата Гранд При кариера е веројатно завршена.

Култхард не е единствениот поранешен возач кој го дал своето мислење за иднината на Рикардо. Марк Вебер посочи дека враќањето во Ред Бул би можело да биде одлична можност за неговиот сонародник повторно да ја пронајде својата мотивација. Во својата улога, Рикардо ќе му помогне на тимот со работата во симулатор и тестирање, како и учество во комерцијални активности.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ