Култхард: Поразот беше поголем шок за Тото одошто за Луис

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен стручен телевизиски коментатор, Дејвид Култхард, смета дека поразот од минатиот месец во Абу Даби и губењето на возачкиот наслов, бил поголем шок за шефот на Мерцедес, Тото Волф, одошто за седумкратниот првак, Луис Хамилтон.

По контроверзниот крај на ланската трка, дебатата околу се што се случуваше во последниот моменти на истата не престанува. Хамилтон сеушет се нема појавено пред медиумите со своја изјава, а тивок е и на социјалните мрежи.

мислам дека не се појавува затоа што е свесен дека е му здодее сите да му кажуваат дека бил ограбен и дека тој е вистинскиот шампион, ќе му здодее бодрењето. поради тоа одбегнува да се појавува пред медиумите – смета култхард.

Шкотланѓанецот не смета дека Луис едноставно ќе се појави и ќе го објави своето опвлекување од спортот, така што нема да го одработи двегодишниот договор на кој се обврза лани. Дејвид верува дека Хамилтон не е најпогоден од целата ситуција, туку тимот на Мерцедес.

големата одлука беше донесена кога на средина од сезоната потпиша нов двегодишен договор со мерцедес. мислам дека трката воабу даби не менува ништо иако секако дека со оглед на тоа колку е емотивен, ќе беше фантастично за него да победи и да дојде до нов наслов.

реално, шокот е многу помал за него одошто за тото и за остатокот за тимот или за неовите фанови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ