Култхард: Расел покажа дека Мерцедес донеле добра одлука

Дејвид Култхард се согласи со Нико Розберг за одлуката на Мерцедес да го донесе Џорџ Расел во тимот. 

Мерцедес и Ботас се разделија минатата година по пет години заедно и тој замина во Алфа Ромео. На негово место дојде Расел од Вилијамс, екипа каде младиот британец помина три години. Ботас во моментов ја предводи Алфа Ромео во борбата со Мерцедес и веќе има освоено 30 поени додека Расел има проблеми со болидот на Мерцедес и не може да го пронајде потенцијалот, но сепак заврши пред својот колега и веќе има 23 поени предност пред Хамилтон. 

Розберг изјави дека изборот на Мерцедес да го донесе Расел е одличен и со него се согласува и Култхард. 

Апсолутно. Мислам дека Мерцедес се среќни со одлуката и среќен сум што се искачија на подиум. Мислам дека и Расел е среќен со тоа. Тој како да работи по некое сценарио и испорачува се. Има одлична сезона, Го нема победничкиот болид, но сепак извлекува максимум и Мерцедес со многу среќа се трети во шампионатот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ