Култхард: Рикардо е закана за Перез

Дејвид Култхард верува дека Серхио Перез ќе внимава на Даниел Рикардо, гледајќи го австралијанецот како негова закана во тимот на Ред Бул.

По две тешки сезони во Мекларен, Рикардо се одлучи да се врати во Ред Бул како резервист и тестер за сезоната во 2023 година.

Австралијанецот ќе ги поддржува поранешниот тимски колега Макс Верстапен и Серхио Перез во текот на целата сезона и има за цел да се врати со полно возачко место на гридот во 2024 година.

Верстапен и Перез влегуваат во третата година како колеги годинава, но во текот на нивниот заеднички ангажман досега, Верстапен ја држеше предноста над Перез. Минатата година, холанѓанецот дојде до 15 победи на пат до втората титула во Формула 1, додека Перез обезбеди само две.

Култхард вели дека на Перез му треба свежина ако сака да се бори против Верстапен понатаму.

Чеко знае дека таму има вистински заменски возач – рече Култхард.

Ако Чеко спореди колку победи Макс имаше и колку имаше тој, не е дека треба само да промени мали детали. Овде станува збор за големи промени кај него.

Ако ги користите истите состојки, ќе ја добиете истата торта. Треба да го промените тоа ако сакате нешто различно.

Тој има пристап до податоците на светскиот шампион. Може да види каде е побрз, каде е побавен. Чеко ќе биде побрз во некои области. Едноставно, Макс почесто го склопува сето тоа.

Чеко треба да го подобри својот настап. Ако го стори тоа, тогаш светското првенство е можна цел.

Ако не го направи тоа, тогаш тој ќе биде само уште еден возач, како мене, кој освоил неколку победи.

Актуелниот договор на Перез со Ред Бул трае до крајот на сезоната во 2024 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ