Култхард смета дека Астон Мартин е опција за Фетел

Дискутирајќи ја иднината на Себастијан Фетел, Дејвид Култхард верува дека Астон Мартин би можело да биде интересна опција за германецот.

Откако Фетел заминува од Ферари на крајот на годинава, што ќе биде негов следен чекор е тема на многу дискусии. Ред Бул и Мекларен самите се откажаа, оставајќи ги Мерцедес и Рено како најочигледни опции.

Сепак, поранешниот возач Култхард, верува дека тој треба да размисли околу претстојниот проект на Астон Мартин, моментално познати како Рејсинг Поинт.

Тркалото на преговори е против него од некоја причина, а ако тоа е резултат на негови барања околу статус и пари, тогаш е негова грешка. Сега само Мерцедес е реална опција околу перформанси, пред ризик со Рено или пак може да премине во Астон Мартин, да почне со нова фаза во неговата кариера.

Само Себастијан знае дали одлучил целосно да се пензионира или да биде сметан за сериозна опција за Мерцедес, бидејќи колку и да го сакаат Луис, Мерцедес и Тото се деловни странки, не добротворни здруженија.

Не е толку многу како “Луис, те сакаме толку многу, повели неограничен чек, пиши ја бројката и ќе најдеме начин да ти го платиме тоа“. Ќе сакаат да му платат минимална плата која може да си ја дозволат, а тој секако ќе го сака максимумот.

Сега Себастијан мора да биде во позиција каде ги размислува своите преговори, бидејќи дали Рено, кои не успеаја во својот експеримент со преплатениот Рикардо, ќе можат да го натераат одборот да одобри уште една гоема сума за некој кој бил отпуштен од Ферари?

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ