Култхард: Сонот за титула на Ферари заврши

Дејвид Култхард, поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор, смета дека по дебаклот и двојната незавршена трка во Ферари, нивниот сон за титула годинава е мртов.

Италијанците имаат 19 поени од првите две трки благодарение на изненадувачкото 2ро место на Шарл Леклер на првата трка, но седум денови подоцна тој беше “повиновен од двајцата“ при нивниот судар по само неколку кривини од првиот круг на Штаерското Гранд При.

Скудерија во моментов е на 5то место во поредокот со 61 поен зад Мерцедес по само две извозени трки, по што ДиСи најавува дека надежта за нив е готова.

секоја надеж за титула на ферари оваа сезона е готова по овој тркачки викенд. сезоната ќе биде куса, а нивниот заостаток е голем како на сува така и на мокра патека. се што може да направат е да работат и значително да напреднат за следната сезона – вели култхард.

Иако Леклер превзема одговорност за сударот и се нарече себе си со погрдни зборови, шкотланѓанецот смета дека е престрог кон себе затоа што се работело за тркачки инцидент кој е вообичаен при толку гужва на патеката.

нема сомнеж дека шарл леклер ќе сака да биде подобар од фетел на секоја трка и во одреден момент себастијан ќе се откаже. мислам дека е строг кон себе во однос на тоа што се случи затоа што такви работи се случуваат и не може секогаш да бидете во право.

По инцидентот во Бразил кога загубата беше поголема, а сударот полош, Култхард смета дека Биното ќе има полни раце работа да ја реши ситуацијата.

најголем кошмар за еден тимски шеф е да има возачи кои се судираат еден со друг на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ