Ландо за Џеда: Трепнеш и во ограда си

Ландо Норис призна дека возачите ќе бидат на вистински тест викендов поради агресивната и тешка природа на Џеда Корниш патеката во Саудиска Арабија.

Возачот на Мекларен уживал во предизвикот кој со себе го носи целосно новата патека која за прв пат е дела од Формула 1 календарот и е втора по просечната брзина по италијанската Монца. Но, оваа патека е градска и обиколена со ограда која е многу блиску до возачите кои возат 250 кмч просечно во текот на еден круг.

Шарл Леклер вчера покажа колку може да биде опасно откако на 22от круг загуби контрола врз задниот дел на својот болид удирајќи директно во ограда, но мина без никакви проблеми.

многу е забавно, но и многу е тешко особено во првиот сектор каде ако трепнете во погршно време диретно авршувате во оградата крај патеката. тешко е да сте концентрирани толку долго време со оглед на огромните брзини со кои возиме, но навистин е забавно, ве држи напнат и на штрек цело време што е одлично.

во однос на нашиот ден, веројатно не беше совршен, се мачевме повеќе одошто мислевме што нее добро, но ако најдеме решение, утре ќе биде далеку подобро – очекува норис.

Дека денот за Мекларен беше тежок говори и фактот што никој од возачите на тимот не заврши во топ 10 на втората тренинг сесија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ