Ландо имал тешка трка и многу менаџирање

Ландо Норис донесе нови поени за себе и Мекларен на вчерашната трка, но имаше тешко попладне исполнето со долго менаџирање на непостојаните гуми.

Младиот британец ја почна трката од 10то место на гридот и остана во поени во најголем дел од трката, а двете застанувања по свежи гуми му донесоа 9то место и два поени од Јубилејното Гранд При.

Норис стартуваше на медиум, а следните две серии му беа на хард, додека опциите за напредок му беа ограничени од менаџирањето на пневматиците.

мислам дека премногу ги штедев гумите, но колку повеќе менаџирав толку бев побавен. беше тешка трка во однос на чувањето на гумите и тоа беше се.

не може да се тркате со луѓето околу и да притискате, а во ист овреме да менаџирате затоа што штом го минете преагот гумите се готови. тоа е лошо затоа што на некој начин го уништува тркањето.

алекс албон ме мина, а јас морав во бокс и така загубив шанса да се тркаме со него. не беше убава трка во однос на менаџирањето и чувањето гуми, но среќен сум што дојдов до поени – вели норис.

Тимот од Вокинг има одличен почеток на сезоната и во моментов се на чело од средината на поредокот.

успеавме да дојдеме пред алфатаури иако на квалификации беа побрзи од нас. рено имаа многу подобар ритам, окон беше на едно застанување, нешто што за нас ќе беше неизводливо.

викендов бее многу различно во однос на менаџирањето на гумите што е голема слабост и мораме да се фокусираме на тоа уште следниот викенд. среќни сме што дојдовме до тие два поени иако не изгледаше дека имаме добра трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ