Ландо Норис е трпелив заедно со Карлос Саинз

Ландо Норис смета дека тој и Карлос Саинз размислуваат долгорочно преку нивната заедничка соработка и блиска врска како тимски колеги во Мекларен, помагајќи на екипата да се подобри на гридот.

Норис дебитираше во Ф1 во 2019 година со Мекларен покрај Карлос Саинз како дел од целосно нова постава за тимот. Дуото беше пријателски расположено надвор од патеката и му помогна на Мекларен да стигнат до 4то место во првенството, нивен најдобар пласман од 2012 година.

Секој секогаш има мислење дека бидејќи сте тимски колеги, дека би биле еден против друг и дека сте само ривали. Сакам да кажам дека ние двајца размислуваме долгорочно и сакаме да го постигнеме тоа што го посакуваме, што е да се победува на трки и да се освојува титули, а најдобро нешто е да работиме заедно.

Немаше да се пласираме на 4то место во пласманот како екипа ако не соработувавме како минатата година. Голем дел од тоа што го постигнавме е поради нашата соработка, како си помогнавме еден на друг, како и помагаме на екипата.

Ако бевме еден против друг, ако не си помагавме, немаше да завршиме на 4то место и искрено, немаше да бидеме во добра позиција за новата сезона. Моментално, тоа е од корист за нас на секој можен начин. Се надевам ќе продолжи. Како што кажав на почетокот, само сакам да се забавувам и да уживам, а и тој исто така.

Мислам дека е прв пат за двајца возачи да го покажат тоа и сметам поради тоа успеавме да напредуваме толку добро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ