Ландо очекува позитивна трка во Австралија

Мекларен се една од двете екипи без поени по првите две трки од сезоната, но младиот Ландо Норис верува дека ситуацијата не е толку лоша како што многумина сметаат.

Екипата имаше тешки и проблематични трки во Бахреин и на Шакир, не дојдоа до топ 10 можнст, имаа дефекти, контакти и проблеми, така што сезоната почна жалосно за трофејниот тим од Вокинг.

не мислам дека стартот е поразличен од лани. на некој начин, можеби е подобар од лани затоа што минатата сезона имавме повеќе проблеми на првата трка, а овој пат јас погрешив на квалификациите на џеда, а инцидентот со гасли го чинеше тимот многу.

не е лошо како што се чини, сигурен сум во тоа, но не сме брзи, тоа е искрен одговор, сепак сме блиску и мораме да притискаме иако не е како што сакаме во моментов – вели норис.

Запрашан дали издржливоста видена во Саудиска Арабија е позитивна за тимот, Норис дополни:

двајцата стигнавме до крајот што е позитивно, тоа е најважно.

секако дека нема да се надевам на полошо на претстојната трка, трета од календарот. не мислам дека многу работи ќе се промнат, но ќе имаме подобрувања од некаков вид.

ќе продолжиме да работиме напорно како и до сега и ќе целиме да не погрешиме на кквалификациите затоа што таму се прават најголемите разлики.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ