Ландо сака враќање на сребрениот Мекларен

Ландо Норис откри дека неколку пати побарал од Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, да се вратат историските  сребрени бои на болидот од доцните 2000-ти години, нешто што било причина што тој почнал да навива за тимот.

Последната титула на Мекларен се случи во 2008 година кога Луис Хамилтон победи пет пати возејќ го МП4-23 болидот и освои наслов во контроверзен крај на сезоната во Бразил со сао поен предност пред Фелипе Маса. Одтогаш тимот нема предизвикано за титула.

Мекларен во тој период користеше доминантно сребрена боја со мали црни и црвени шари во чест на нивниот спонзор Водафон и така беше се до 2014 година кога станаа портокалови како при основањето.

Во својата изјава за GQ, Норис откри дека шарите од времето кога Водафон го подджрувал тимот биле многу кул и биле причина поради која почнал да го следи тимот како дете, но и дополни дека се надева оти шарите ќе се вратат на болидот.

тоа ме заинтересира за формула 1 и поради тоа многу пати побарав од зек да се вратие на тие шари – откри норис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ