Ландо свесен дека конкурентите се подобриле

Ландо Норис е свесен дека битката во средината на поредокот ќе биде жестока и поради тоа е подготвен да даде се од себе за да стигне до последниот квалификациски сегмент.

Младиот британец ги заврши во поени сите трки годинава, но не успеа повеќе од 9то време на петочните тренинг сесии, така што Мекларен изгледаат побавно одошто на претходните неколку трки. 

Третопласираниот возач во поредокот е загриен за ритамот на конкурентите, особено Алпин и АлфаТаури кои се чини многу напреднале и патеката им одговара.

не е лошо, убаво е што возам формула 1 болид, но сакам да му е удобно и да можам да притискам, а под вакви услови и волку топло време не можев да го правам тоа. чувството не беше многу добро и знам дека заостануваме во однос на конкуренцијата. следува работа во текот на ноќта и знаеме на кои работи треба да се фокусираме.

сметам дека ова беше еден од потечките петоци за нас годинава, не сме на вообичаено ниво, доста се мачиме, а заостатокот зад алпин е доста голем. главна цел ќе ни биде да стигнеме до последниот квалификациски сегмент затоа што квалификациите овдека се клучни.

алпин беа брзи во петок, алфатуаури исто, ферари можеби малце побавни одошто очекувавме, но знаеме дека ќе засилат.

усовите се многу поразлични од ланските кога беше далеку поладно, а асфалтот беше нов и свеж. променето е, не е иста патека и мораме темелно да аналиираме каде да се подобриме – реален е норис.

Иако најава за дожд на квалификациите постои, предвидувањата се дека дури и да не врне, времето во Сабота ќе биде поладно одошто во Петок што може да направи голема разлика врз перформансите на болидите.

ќе видиме какво ќе биде времето и искрено истото може малку да промени некои работи во сабота и недела. ако врне ќе промени доста.

болидот си има ограничување во предниот и задниот дел и во моментов треба да одбереме каде да се фокусираме. ќе седнеме со инженерите и ќе си ја завршиме работата за да најдеме колку што може подобро време по круг. како што реков имаме домашна работа која треба да се одработи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ