Ландо ќе бара совети од Макс како да го победи Рикардо

Ландо Норис откри дека ќе бара совети од Макс Верстапен за да дознае што да очекува од Даниел Рикардо како свој тимски колега од следната тркачка сезона.

Откако Себастјан Фетел и Ферари решија да се разделата по крајот на оваа сезона, а Скудерија од одбра Карлос Саинз за негов наследник, Даниел Рикардо реши да се согласи на драстично помала плата и местото во фабричката екипа на Рено да го замени со Мекларен кои неколку години го посакуваат во Вокинг.

Макс Верстапен возеше 2,5 години крај Рикардо во Ред Бул, а последната година го победи во поени на крајот на сезоната, по што австралијанецот реши дазамине од Милтон Кинс во Рено. Иако Ландо и Даниел често се дружеа за време на трките лани и имаат слични карактери, Норис вели дека знае малку за налинот на работа на Рикардо.

тешко е да се знае што да се очекува се додека не почнам да возам крај него. пред 2018 година никој немаше таква перспектива за карлос како што сите имаа по минатата сезона каде беше одличен, а неговата личност дојде до израз. сакав да кажам дека и јас имав мал удел како негов колега затоа што тој стана популарен и на социјалните мрежи, а лани и оваа сезона отоа некако експлодираше.

од надвор никогаш не знаете што да очекувате за некој возач се додека не работите директно и заедно со него, така беше и со мене и карлос, а исто ќе биде и со даниел иако е јасно дека малку повеќе знам за него одошто пред да почнам да работам со карлос.

но, има многу работи кои не ги знам, не го познавам неговиот начин на работа и колку е итар во соработката, што се случува зад затворени врати и слично, но се ќе дознаам следната сезона – вели норис.

Ландо откри дека Верстапен му дал многу добри совети за Карлос Саинз пред шпанецот да пристигне во Мекларен, а го очекува истото од Макс и во врска со тоа како да го победи Даниел Рикардо.

макс ми даде многу добри совети затоа што знаеше многу за карлос, а знае многу и за даниел, тоа е одлично затоа што треба да ги познавате колегите.

колку добро и да се согласувате со вашиот колега, а понекогаш не може да се согласувате многу, мора да ги знаете неговите слаби страни и силни страни за да може да му конкурирате. ако има некој кој може да ми каже нечии слабости, тоа е огромен плус.

секако дека во формула 1 сакате да се забавувате и јас го правам тоа, но во исто време треба да работите заедно со колегата како тим, а тој ви е и најголем конкурент.

ќе биде тешко, но ќе има многу работи кои може да се научат од даниел, а доколку некој има совет како да се налути рикардо, тоа е секако макс – заврши младиот британец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ