Лас Вегас ќе се вози во 22 часот по локално време

Премиерата на Формула 1 во Лас Вегас ќе биде најдоцна во денот споредено со било која досега одржана трка во историјата на тркачката серија.

Официјални лица од спортот потврдија дека трката, која патем ќе се одржи во Сабота, ќе почне во 22 часот по локално време, што ќе рече 7 часот наутро по македонско време. Исто така, трката ќе биде претпоследна во календарот со 24 настани, ќе следува единствено Абу Даби.

Настанот ќе биде од 50 кругови на 18 Ноември, прва трка во Сабота во Формула 1 од 1985 година, тренинзите ќе бидат во Четврток, а квалификациите во Петок.

Должината на патеката ќе биде 6,1 километри со 17 кривини и ќе минува по историскито Стрип во Вегас.

гранд при трката во лас вегас ќе го подигне спортот на повисоко ниво. да се организира гранд при трка во главниот град за забава во светот ни дозволи спектакуларен план за прослава кој не е виден никогаш претходно и сето тоа во најдобрата арена во светот.

целиот град е нетреплив за следната трка и се што ќе се случува околу неа. фановите едноставно не сакаат да помислат да го пропуштат настанот. јасно е дека гранд при на лас вегас ќе биде најважниот настан следната сезона – посочи стефано доменикали.

Лас Вегас ќе биде една од трите трки во Северна Америка догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ