Латифи ги демантираше гласините дека ќе биде заменет

Николас Латифи ги демантираше гласините дека неговото место во Формула 1 е во опасност и дека ќе биде заменет од Оскар Пиастри.

Канаѓанецот дебитираше за Вилијамс во 2020 година со огромна финансиска поддршка од својот татко, милијардерот Мајкл Латифи и неговата Софина Фудс, но се мачи со своите перформанси, а годинава и често греши. Алекс Албон, неговиот нов колега, веднаш импресионираше на почетокот од својот престој во Вилијамс, така што се појавија шпекулации дека Латифи може да биде отстранет од екипата.

не треба да обрнувате внимание на се што се пишува за мене и не сум единствен кој е подложен на тоа. како и да е, сфаќам дека резултаите ми се лоши и морам далеку повеќе.

се работи за доверба, убеден сум дека можам да возам исто брзо како и алекс кој имаше помалку време од мене да се прилагоди – изјави латифи за канадски Le Journal de Montreal.

Оскар Пиастри е актуелен Формула 2 првак кој една година претходно беше и Формула 3 шампион и несомнено е дека е следниот дебитант кој ќе добие Формула 1 место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ