Латифи доби 5 места казна за Јапонија

Николас Латифи доби казна од пет места на гридот во Јапонија за неговата вмешаност во инцидентот со Жу Гуанју на Големата Награда на Сингапур.

Инцидентот се случи во седмиот круг од трката, при што Латифи удри во Жу од надворешната страна на свиокот 5, што резултираше со повлекување на двајцата возачи од трката. Стјуардите објавија во документ на ФИА:

Стјуардите ги прегледаа видео доказите и утврдија дека Латифи е претежно виновен за судирот.

Жу се обидуваше да го престигне Латифи при директно приближување на свиокот 5 и имаше доволно простор, преземајќи ја нормалната тркачка линија.

Латифи се повлече налево, не оставајќи доволно простор до болидот на Жу и резултираше со значителен контакт помеѓу болидите.

На Латифи му беа доделени и два казнени поени со што неговиот вкупен број во последните 12 месеци се зголеми на три. Грид казната ќе се одлежи на трката за Големата награда на Јапонија која се вози следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ