Латифи задоволен од советите на Батон

Џенсон Батон од минтт агодина е советник во Вилијамс, а Николас Латифи, канадскиот возач на тимот, веќе гледа позитивни работи од носењето на поранешниот првак во екипата.

Целта на тимот од Гроув со ангажманот на Џенсон е совети и насоки од првакот од 2009 година, а со цел подобрување и помош на екипата. Самиот Батон ја почна својата Формула 1 кариера токму во Вилијамс во 2000 година, но откри дека поради пандемијата, лани немал многу можност да биде со тимот.

од пристигнувањето во тимот, џенсон е одличен додаток на екипата. на почетокот на годината, кога се приклчи кај нас, пандемијата беше голем проблем и тој многу ретко беше во фабриката, но и на патеката имавме пробем затоа што мешањето беше забрането, а тој многу време минуваше со скај спортс.

јасно е дека има огромно искуство во спортот и посебна гледна точка како возач, шампион, така што мене ми е одлично што ќе црпам од неговото искуство. дури и неговиот поранешен инженер за трка е дел од нашиот тим и одлично се надополнуваат. гледам дека редовно разговара со некои од инженерите, дава свое мислење врз основа на тоа што го гледа и сигурен сум дека кажува корисни работи – посочи латифи.

Со оглед на тоа што канаѓанецот сеуште е многу рано во својата кариера, откри дека со задоволство ги прима советите од бритнецот.

од лична страна, јас сум доста нов во спортот и ми дава одлични совети како за почеток, има одличен пристап. се работи за мали работи за охрабрување, ситници каде можам подобро по квалификации или по трка.

тој е одличен за тимот, некој кој може да посочи каде да се подобриме и да бараме перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ