Латифи имал проблем со ладењето

Николас Латифи имаше добро деби трка во својата Формула 1 тркачка кариера откако заврши на 11то место и многу блиску до поени.

Сепак, добриот пласман се долиж и на фактот што дури 9 болиди отпаднаа од различна причина од трката, така што со помош на неколкуте безбедносни возила, младиот канаѓанец можеше да нападне за поени.

денеска беше ден за учење за мене, се мачевме на трката со ладењето и затоа не притискав силно како што сакав и како што можев. требаше да менаџирам многу работи, нешто што е дел од формула 1.

првото безбедносно возило за нас се појави во лош момент и моравме уште цел круг да комплетираме позади него пред д промениме гуми.

најголемиот дел од трката ја извозев сам и беше убаво што безбедносното возило излегуваше затоа што ми даваше искуство како е да се вози со доста болиди околу вас.

фрустриран сум затоа што бев многу блиску до поен, но учам и ќе бидам посиле следниот викенд – најави латифи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ