Латифи не е загрижен за своите години

Николас Латифи е свесен дека подоцна почнал да се бави со моторспортот и поради тоа има еднакво искуство со останатите дебитанти иако постар влегува во врвната тркачка серија.

Младиот канаѓанец ќе дебитира во Формула 1 со Вилијамс следната година и ќе биде единствен дебитант на гридот. 24-годишникот кој е постар дури од осум возачи на гридот, а шест од нив немаат ни по 20 години.

Тој мина четири сезони во Формула 2 тркачката серија, а последната ја заврши на второт место за Ник де Вриес, штитеникот на Вилијамс кој ќе се трка во Формула Е догодина.

секако дека сметам оти ако дојдев во формула 1 пред 2-3 години немаше да се чувствувам толку добро подготвен како што се чувствувам во моментов.

многу луѓе не сфаќаат дека доста доцна почнав да се бавам со тркањето, односно со картинг. почнав да се тркама на 13 години споредено со другите екстремни случаи како верстапен или естебан кои мислам дек возеа картинг на 4 години. кога ќе се земе тоа во предвид, јас имам кариера од 12 години пред да влезам во врвната моторспорт тркчка серија.

слично е и за макс кој дојде во формула 1 со 17 години, односно 13 години откако почна во картинг. исто е.

споредено со скорешните дебитанти, секако дека сум најстар, но во однос на моторспорт искуството, мислам дека е вистинско време за мене. се чувствувам поподготвен од билод кога и знам дека можам да бидам одличен – најави канаѓанецот.

Николас ќе вози во тандем со поранешниот конкурент од Формула 2, Џорџ Расел во Вилијамс британецот кој влее во спортот лани.

јасно е дека џорџ е еден од најценетите и највисоко рангираните јуниори во форула 1 и поради тоа сум нетрпелив да му се спротиставам. секако дека ќе биде одличен репер за мене и сигурен сум дека ќе ми помогне да научам.

следната годиан нема да биде повеќе дебитант и тоа ќе му даде предност во однос на мене, но мислам дека одлично ќе работиме заедно. какви ќе бидат резултатите и перформансите е тешко да се каже, но без разлика на се ќе се обидам да извлечам максимум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ