Латифи не знаел дека има најбрз прв сектор

Николас Латифи бил изненаден по квалификациите кој ги заврши во првиот сегмент откако од тимот му кажале дека во својот круг имал најбрз прв сектор.

Возачот на Вилијамс имаше најбрзо време на последниот тренинг пред кавалификациите, додека неговиот колега беше 3ти. Но, кога се одредуваа стартните позиции тимот не беше толку конкурентен и квалификациите беа завршени по првите 18 минути.

Но, канадскиот возач изгледаше на пат да постави одлично време и да мине понатаму откако имаше најбрз прв сектор од сите дотогаш во својот последен обид, но направи огромна грешка на последната кривина што го стави на дното во поредокот. Откако му беше кажано дека имал најбрзо време, тој беше зачуден.

изгледаше дека имам добри шанси да минам во к2, но на последниот свиок си го уништи кругот, не знам дали беше некој ветер, но загубив премногу време. навистина не знам што беше, но бее многу поинаку од претходниот круг во однос на балансот. фрустрирачки е затоа што на претходниот тренинг бевме навистина одлични.

ако врнеше ќе имавме многу подобри шанси, затоа што на сува патека невме слаби во петок, ни недостасува потисна сила. знаеме веќе некое време дури и со подобрен пакет дека потисната сила ни е слаба страна, но што е тука е – изјави канадскиот возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ