Латифи сака да го предводи тимот

Канаѓанецот Николас Латифи цели кон подобрување оваа сезона и сака да ја превземе водечката позиција во Вилијамс. 

Тој ја вози третата сезона со Вилијамс, но годинава ќе има нов колега во Алекс Албон., доскорешниот штитеник на Ред Бул. Латифи верува дека искуството во тимот ќе му помогне да биде подобар од Албон кој минатата година паузираше. 

Тешко е да се поставува цел бидејќи не знаеме болидот до каде е и кога ќе го видиме тоа, ќе биде полесно. Имаме големи очекувања и мислам дека извадивме максимум до сега од болидот. Имам лични податоци со кои се споредувам и сакам да сум во што подобра позиција за да го водам тимот напред. 

Сакам да имам водечка улога во тимот. Нов болид, нов старт и важни се податоците од почетокот. Мора да сум сигурен во одлуките и во комуникацијата со тимот за насоката во која се движиме – посочи николас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ